Background

Стаменковска Трајковска ветува поголема хигиена во Кисела Вода

Во првите 72 часа, со поддршка на Град Скопје и идниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, во една тимска акција, ќе пристапиме кон средување на општината Кисела Вода и Градот Скопје, во насока на справување со предизвиците во делот на чистотата, рече Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник за општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања” на МРТ1.

Стаменкоска Трајкоска најави дека во текот на нејзиниот четиригодишен мандат, ќе се продолжи со одржување на континуитетот на реализација на проекти кои се со поддршка на актуелната Влада како и дополнителните проекти кои ќе значат квалитетен живот на граѓаните, а кои се содржани во нејзината програма.

– Станува збор за пешачко велосипедска патека, обиколка на Кисела Вода, организирање и континуитет на процесите во образованието и градинките, средување на училишните дворови, со оплеменување на дополнителна опрема и сето она што значи како иновација во училиштата, а тоа е училници на отворено. Во нашата програма се ставени и сите оние дополнителни проекти кои ќе значат оплеменување и креативност во наставата, но исто така и дополнителна поддршка, а тоа е процесот на климатизација – рече Стаменкоска Трајкоска.

- Advertisement -
Ad image

Таа рече дека еден од приоритетите во нејзината програма е и системското уредување и одржување на хигиената, а со цел чиста животна средина.

– Со засилено чистење, миење на улиците и јавните површини, поставување на нови места дополнителни за отстранување на отпад, организирање акции за отстранување на диви депонии, како и со одржливо управување со отпадот, дополнително ќе ги зголемиме можностите за селекција на отпадот. Имаме во нашата програма долгорочни активности кои ќе значат одржување на редот со таканаречени редари кои ќе помогнат во сите тие активности – рече Стаменкоска Трајкоска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation