Background

Српските вооружени сили работат на подготовки за задолжителна воена служба и дека таа ќе трае 75 дена

Српските вооружени сили работат на подготовки за задолжителна воена служба и дека таа ќе трае 75 дена, неодамна потврди началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, Милан Мојсиловиќ.

– Започнавме со набавка на одредени материјални средства како што се униформи, како што се оружје, пресметки, трошоци, муниција за таа активност – изјавил началникот, додавајќи дека само се чека на донесување закон што формално ќе го потврди сето ова, за да може да започне.

Иако не е завршена постапката за носење на законските измени, доколку се воведе задолжителна воена служба во Србија, се предвидува оние со приговор на совеста да се одлучат за цивилна служба без оружје. Цивилната служба во Србија порано траела подолго од воениот рок.

- Advertisement -
Ad image

Воената служба не би требало да важи за мажите постари од 60 години и за жените постари од 50 години. Исто така, постои можност за одложување на воената служба до 27 години, пишува српски „Мондо“.

Служењето би било задолжително за мажите, додека за жените доброволно. Исто така, се планира да се воведат специфични форми на служба за млади луѓе со техничко и технолошко знаење, кои би можеле да служат во единици што бараат такви вештини, на пример, управување со беспилотни летала.

„Мондо“ дава пресек на тоа кои видови лица би можеле да го избегнат најавениот воен рок во Србија. Тоа се лица оценети како медицински неспобосни, со физички, ментални, здравствени или други проблеми.

Се очекува и слична одредба за лица кои се единствени хранители во семејството како што било некогаш кога се служел воен рок во минатото.

Ако лицето служи војска во друга земја каде што исто така поседува државјанство тогаш би можело да биде ослободено од служењето на рокот во Србија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation