Фудбалерите на Србија и на Албанија одиграа 0:0 на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше од висок ризик и специјалци ги чуваа српските фудбалери кои во главниот град на Албанија беа дочекани со пцовки и со знамиња на УЧК.
Дел од албанските навивачи се однесуваа крајно неспортски и насилнички и го прекинаа дуелот пет пати удирајќи ги играчите на Србија во главата со предмети.
Зачудувачки, судијата не ги испразни трибините, ниту пак ја прекина играта според апсолутно сите критериуми што важат во натпреварувањата на УЕФА.
Потегот на натпреварот го направи Ѓорѓе Петровиќ, кој го одбрани пеналот на Митај во 45-та минута.