Српските медиуми вчера објавија дека свршеникот на пејачката Милица Тодоровиќ, М.Б. е уапсен во Белград.
Наводно, Интерпол по него распишал налог за апсење, објави српски „Телеграф“, а по овој повод за српски „Курир“ се огласи и ПР-тимот на популарната српска пејачка.
– Не сум се слушнала со Милица, ќе ѝ се јавам подоцна и ќе слушнам што се случило. Засега не знам дали е вистина или не, но таа нема да дава коментар. И во двата случаи, Милица ќе остане без коментар за оваа ситуација – изјави нејзината најблиска соработничка Бобана Живановиќ.
Инаку, М.Б. е приведен во елитната белградска населба, каде што живее со Милица.
Да потсетиме, јавноста неодамна ја дозна веста дека Милица Тодоровиќ се свршила. Тодоровиќ го запознала и семејството на нејзиниот свршеник, бизнисмен од Хрватска.
Бидејќи претходната недела Милица настапувала во еден клуб во Загреб, на настапот ја придружувало и нејзиното момче.
Парот веќе извесен период живее заедно во Белград во луксузна населба каде Милица има стан, а потоа отпатувале во неговиот град на неколку дена.