Познатиот српски рапер Стефан Ѓуриќ, кој настапува под сценското име Раста, беше ослободен вчера од Основниот суд во Охрид откако плати глоба од 250 евра за поседување мала количина марихуана.
Рaперот беше уапсен пред Спортскиот центар “Биљанини Извори” каде што требаше да настапи како предгрупа на концертот на американската ѕвезда Џејсон Деруло. Според извори од судот, при претресот кај Раста биле пронајдени 6 грами марихуана.
Пред судијата за претходна постапка, рaперот се изјаснил дека дрогата ја поседувал за лична употреба и дека бил зависник од марихуана. Со оглед на малата количина од конфискуваната супстанца, судот одлучил прекршокот да го санкционира со парична казна наместо со затворска.
Случајот привлече внимание поради тоа што се случи непосредно пред планираниот настап на рaперот, што најверојатно влијаеше врз програмата на концертот. Раста е познат во регионот по своите музички остварувања и редовни настапи на фестивали и концерти низ Балканот.
Со плаќањето на глобата, случајот е затворен, а рaперот може да продолжи со своите активности.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
