Вучиќ утрото тргна од Белград за Москва, но мораше да слета во Баку за да чека одобрение за продолжување на летот кон Русија поради непријателствата меѓу Русија и Украина, објави Танјуг.
Претседателот на Србија треба да има билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва во петок, како што соопшти Кремљ.
На 9 мај, Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани.
Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.