Топ Вести - Слушај сега
Српската полиција попладнево влезе во Филозофскиот факултет во Нови Сад на барање на деканот на тој факултет. Студентите на тој факултет најавија блокада поради отпуштањето на професорката Јелена Клеут, која ги поддржуваше нивните протести.
Деканот, Миливој Алановиќ, изјави дека разговорите меѓу полицијата, администрацијата и студентите се во тек.
– Разговаравме со студентите, разговараме со полицијата, полицијата разговара со студентите – рече Алановиќ. Тој додаде дека блокадата мора да заврши или ќе биде принуден да преземе мерки за да продолжи со работата факултетот.
Продеканот Дејан Пајиќ ги повика студентите да се откажат од блокадата и рече дека од нив зависи „дали ќе ги видиме сцените од 5 септември“, кога полицијата бурно реагираше на протестот на студентите.
Студентите чекаа до 14 часот на одговор од деканот, од кого побараа институцијата да застане зад нивната професорка и да направи сѐ за да ја врати на работа, но бидејќи одговорот беше дека факултетот не може да стори ништо повеќе, беа донесени душеци подготвени за подолг престој на студентите во зградата.
Професорката Клеут е во зградата со студентите, на кои им се обрати да продолжат да го бранат Универзитетот.
Митингот во поддршка на професорката Јелена Клеут, која денеска беше официјално отпуштена, започна во 12:00 часот во зградата на Факултетот со пораката „Ако Клеут не предава, никој нема“.
Со доставувањето на решението за отпуштање, таа формално ја изгуби работата во таа високообразовна институција во Нови Сад.
Во решението, во кое имала увид агенцијата Бета пишува дека работниот однос на професорката по Комуникологија завршил на 20 јануари „поради истекот на рокот на кој бил заснован“.
Во текот на август и септември 2025 година, полицијата беше речиси еден месец на Филозофскиот факултет во Нови Сад.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
