Топ Вести - Слушај сега
Средната возраст на населението во земјава е 42,21 година, додека во ЕУ е 44,9 години, покажуваат податоците на Еуростат за 2025 година.
Во споредба со 2015 година средната возраст на луѓето во Македонија е зголемена за речиси пет години (37,4 во 2015).
Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора 40,4 години, а постаро Албанија 44,3 и Србија 45,4 години. Средната возраст на Грците е 47,2, а на Бугарите 47,2 години. Во Хрватска и во Словенија средната возраст е 45,5 години.
Во ЕУ најмладо население има Ирска 39,6 години, а најстаро Италија со просек од 49,1 година.
На ниво на ЕУ, средната возраст се зголемила за 2,1 година од 2015 година, кога била 42,8 години. Зголемување се бележи во сите земји од ЕУ, освен во Германија и Малта (-0,4 години).
Стареењето на населението е најизразено во Словачка и во Кипар, каде што средната вредност се зголемила за 4,0 години, по што следуваат Италија (+3,9 години), Грција и Полска (секоја +3,8 години) и Португалија (+3,7 години).
Tagged as:
21 година 9 години додека во ЕУ е 44 Средната возраст на населението во земјава е 42
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
