Топ Вести - Слушај сега
Функционери од државниот врв, од политичките партии, државни институции и организации, како и од локалните самоуправи, денеска упатуваат честитки до сите христијани, пропадници на римо-католичката црква, по повод големиот празник Божиќ, раѓањето на Исус Христос. Традиционално чествувањето на Божик, Католиците во Македонија го одбележуваат со миса во катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, на која годинава присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Во својата честитка до монсињор Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, претседателката Сиљановска Давкова напиша дека „празничните денови нè потсетуваат дека треба да се почитуваме меѓусебно, да се грижиме еден за друг и да им помагаме на послабите од нас, никому да не му чиниме зло.“
,,Со особено задоволство, на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, срдечно Ви го честитам денот на Христовото раѓање – Божиќ.
Нека овие светли празнични денови Ви донесат добро здравје, духовен мир и радост, исполнувајќи ги Вашите домови со спокој, љубов и топлина. Божиќ, како еден од највозвишените христијански празници, нè потсетува на вечните вредности: солидарноста, човечноста и надежта, коишто ги зближуваат луѓето и ја зајакнуваат вербата во подобра иднина“ – напиша претседателката Сиљановска Давкова во својата честитка.
Претседател на Собранието Африм Гаши, упати честитка до припадници на католичката вероисповед, од име на Собранието на Република Северна Македонија и од свое лично име.
„Божиќните празници носат пораки на мир, солидарност, човечност и меѓусебно почитување, вредности кои се темел на секое демократско и мултиетничко општество. Токму преку заемно разбирање, почитување на различностите и заедничка посветеност кон општото добро, ја градиме стабилноста и иднината на нашата држава. Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, семејна топлина и спокој, со надеж и оптимизам за годината што претстои. Среќен Божиќ!“ – се вели во честитката на собранискиот спикер Гаши.

Премиерот Христијан Мицкоск, од свое име и од име на Владата, им го честита празникот на сите кои денеска го прославуваат Рождеството Христово – Божиќ, со желби за благосостојба, духовен мир и добро здравје.
„Овие празнични денови нека ги исполнат домовите со радост, љубов и Божји благослов. Нека раѓањето на Спасителот ни донесе надеж, единство и топлина во срцата, особено во времиња кога ни е потребна заедничка сила и поддршка. Да подадеме рака кон нашите ближни и нашите сограѓани, без оглед на разликите, на оние на кои им е потребна нашата помош, на најранливите категории и на сите оние на кои се соочуваат со предизвици. Божиќ е празникот на дарувањето и споделувањето на меѓусебна љубов и разбирање. Нека Божиќната светлина ги осветли нашите заеднички цели кон подобро утре! Среќен и благословен Божиќ! Христос се роди!“ – напиша Мицкоски.

Претседателот на социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов.
„Божиќ е празник на надежта, љубовта и заедништвото. Овој голем празник нè потсетува дека само со солидарност, меѓусебна почит и грижа едни за други можеме да изградиме поправедно и похумано општество, во кое секој граѓанин ќе има еднакви можности и сигурна иднина.
Во овие божиќни денови посакувам добро здравје, мир и радост во секој дом. Нека Божиќ донесе нова надеж, нови почетоци и успеси за сите нас. Христос се роди, Честит Божиќ”, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во честитката.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖