Според извештајот на британскиот „Сан“, поп-пејачката Шер (79) наводно планира да се омажи за музичкиот директор Александар Едвардс (39), кој е 40 години помлад од неа. Двојката е во врска од 2022 година.
Свадбата е наводно закажана пред нејзиниот 80-ти роденден, во мај 2026 година. Извор за британскиот „Мирор“ изјавил дека Шер воопшто не се грижи за разликата од 40 години меѓу нив и дека и двајцата се подготвени да се посветат еден на друг.
Пејачката на песната „If I Could Turn Back Time“ (Ако можев да го вратам времето) им возврати на критичарите кои беа вознемирени од нивната огромна разлика во годините уште во ноември за време на гостувањето во „CBS Mornings“.
Во тоа време, таа рече: Тие не го живеат мојот живот. Никој не знае што се случува меѓу нас, но ние едноставно се забавуваме одлично.
Таа додаде дека тоа не е проблем ниту за Едвардс, бидејќи тој секогаш ѝ вели: Старееш, но твојот дух останува млад!
Пејачката продолжи да ја фали нивната тригодишна романса и вели дека постојано се смеат заедно: Едноставно го сакам. (…) Мислам дека е прекрасен. Навистина е талентиран. Тој е еден од најталентираните луѓе што некогаш сум ги запознала.
Двајцата првпат беа поврзани како пар кога беа видени како се држат за раце во Лос Анџелес во ноември 2022 година. Неколку дена подоцна, Шер ја бранеше врската откако официјално ја потврди преку социјалните мрежи.
Пред нејзината врска со Едвардс, Шер беше во брак со Сони Боно од 1964 до 1975 година и со Грег Алман од 1975 до 1979 година. Самата поп-икона сè уште јавно не ги потврдила шпекулациите за свадбата, а нејзиниот портпарол ги негираше плановите за американската веб-страница „PageSix“.
Пред неговата врска со Шер, Александар беше во врска со Амбер Роуз. Врската траела три години пред тој да ја прекине во август 2021 година, а Роуз наводно го обвинила Едвардс дека ја изневерил со најмалку 12 различни лица. Поранешните партнери имаат син, кого го добија во октомври 2019 година. Двојката се погрижила да му даде на своето дете впечатливо име, Слеш Електрик Александар Едвардс.
Во март 2024 година, Роуз се појави во „Подкастот на Џејсон Ли“ и зборуваше за врската на Слеш со Шер.
– Многу сум среќна што Александар е со Шер затоа што тоа создава стабилност кога нашиот син оди таму – рече таа.
Едвардс работи како музички извршен директор во Universal Music Group, една од трите големи издавачки куќи во индустријата, покрај Sony Music и Warner Music Group. Некои од изведувачите на листата се Пост Малоун, Били Ајлиш и Аријана Гранде.




























