Спомен плоча за жртвите од поплавите во Стајковци

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски денеска соопшти дека в година ќе се изгради спомен плоча за жртвите од катастрофалните поплави кои во 2016 година ги погодија Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Ченто и другите делови од општината.

По повод 9 години од природната несреќа, Стефковски се обрати до граѓаните преку социјалните мрежи.

„Денес, со длабоко чувство на тага, почит и солидарност, се сеќаваме на 6 август 2016 година – денот кој засекогаш го обележа нашето колективно сеќавање.

Поминаа 9 години од големата трагедија која ги погоди Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Ченто и другите делови од нашата општина. Тоа беа моменти на страв, болка и загуба, кои засекогаш ги променија животите на многумина.

На тој ден, природата ја покажа својата суровост, но човечноста блесна посилно од сѐ. Семејства изгубија најблиски, домови беа уништени, срца беа скршени.

Денес се сеќаваме на нашите сограѓани кои ги загубија животите – тие се во нашите мисли и молитви. Нивната загуба е и наша загуба. Нивниот спомен е светол пламен кој нема да згасне.

Поминаа девет години, но раните од тие моменти сѐ уште болат. Затоа, како градоначалник на општина Гази Баба, верувам дека имаме морална обврска да ги чуваме спомените живи и да оставиме траен белег на колективното паметење“, напиша Стефковски.

Следната година општина Гази Баба ќе одбележи 50 години од своето постоење и 10 години од поплавите. По тој повод градоначалникот Стефковски најави отпочнување постапка за откривање спомен плоча.

„Оваа спомен-плоча ќе биде вечен паметник, не само на трагедијата, туку и на храброста, солидарноста и човечноста кои ги покажавме како народ. Ќе биде место на тишина и размисла, на молитва и сеќавање, на почит кон оние кои не се меѓу нас“, додаде Стефковски.

- Advertisement -
Ad image

Тој ги повика сите граѓани, институции и организации да се вклучат во оваа иницијатива.

Share This Article