Спасов е во притвор, изолиран од другите

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и одреди мерка притвор од 30 дена за 36-годишниот Димитар Спасов, осомничен за бруталното убиство во Психијатриската болница „Скопје“ – Бардовци.

„Прифатен е предлогот на ОЈО за определување мерка притвор од 30 дена и е спроведен во КПУ Затвор Скопје, во посебно одделение, изолиран од останатите притвореници“, потврдија од судот за Скопје1.

Обвинителството отвори постапка за кривично дело – убиство по член 123 став 1 од Кривичниот законик, откако Спасов со стаклено шише смртно го повреди својот цимер, пациент со иницијали И.Т., по наводна кавга за легло. Телото на жртвата е предадено на обдукција.

Спасов, кој во 2012 година беше прогласен за непресметлив по убиството на својата мајка, подолго време бил забележуван како слободно се движи низ Ѓорче Петров и седи по кафеани, иако формално бил на задолжително лекување во психијатриската болница каде ја издржувал казната. Полицискиот надзор му бил повлечен по одлука на правосудни органи, а од болницата излегувал и се враќал без контрола.

Share This Article