По повод Светскиот ден на органодонорството – 13 август, Министерството за здравство соопшти дека на 9 август е извршена нова трансплантација на органи од починат донор.
„Во процесот на трансплантација беа вклучени повеќе екипи од хируршки и интерни клиники од клинички блок ‘Мајка Тереза’. Им благодариме за посветеноста“, соопштија од Министерството.
Трансплантираните пациенти се во добра општа состојба и под постојан медицински надзор и нега.
Од Министерството им посакуваат на пациентите долг живот и добро здравје и му се заблагодаруваат на семејството кое во најтешките моменти одлучило да ги донира органите.