Background

Советот на јавни обвинители ги оцени кандидатите за државен јавен обвинител

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Советот на јавни обвинители на денешната седница го дисквалификуваше поранешниот кривичен судија Владимир Панчевски од трката за државен јавен обвинител и неговата кандидатура не ја стави на гласање и нема да даде мислење.

- Advertisement -
Ad image

Советот на обвинителите утврди дека тој ги има потребните години на стаж, но тој не е непрекинат.

– Согласно законските одредби, кандидатот треба да има најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право. Во конкретниот случај, на кандидатот му престанала функцијата пред 13 години и во меѓувреме не бил ниту судија, ниту јавен обвинител. Оттука, тој стаж не може да се смета за непрекинат стаж од областа на кривичното право во смисла на законот – рече членот на Советот Маријана Илиеска.

Со оглед на наведеното, Советот смета дека кандидатот не ги исполнува законските услови и не треба да биде ставен на листата на кандидати за кои ќе се гласа.

Кандидатката Анита Тополова Исајловска, која моментно е в.д државен јавен обвинител, доби позитивно мислење од Советот. Членовите посочија дека се работи за обвинител со долгогодишно
искуство, дека поседува углед, морални вредности и менаџерски квалитети. Сите членови гласа таа да добие позитивно мислење.

За обвинителката Лидија Раичевиќ членовите на Советот, исто така, посочија дека е обвинител со интегритет и долгогодишно искуство и работела на многу тешки предмети. И Раичевиќ доби
позитивно мислење.

Едногласна поддршка доби и обвинителката Ленче Ристовска, за која 10 членови на Советот гласаа „за“, односно дадоа позитивно мислење.

Позитивна оценка од сите 10 членови доби и судијата од Кривичен суд Скопје, Ненад Савевски.

Изборот на државен обвинител следува по оставката на обвинителот Љупчо Коцевски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation