СОВЕТОТ НА ЕУ ГИ ПОТВРДИ РЕФОРМСКИТЕ ЧЕКОРИ НА МАКЕДОНИЈА

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сите членки на Европската Унија заклучија дека земјава испорачува солидна динамика на реформите во делот на владеењето на правото, изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани по денешниот состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК), на кој една од точките беа и извештаите на Европската комисија за владеење на правото во дел од кандидатите за членство за 2025 година.

– Во Извештајот се констатираат одредени реформи коишто се успешни имплементирани, меѓутоа има и работи каде што ќе треба дополнително да внесеме енергија и напор за спроведување на сите нивни предлози и препораки. И денеска на состанокот напоменав дека ние тие препораки не ги гледаме како слабости, туку како насоки по коишто треба да постапиме и да ги решиме колку што е можно побрзо – истакна Муртезани.

Тој потсети дека ова е втора година по ред како земјите кандидати, меѓу кои и нашата се вклучени во т.н. Механизам за владеење на правото, кој порано беше ексклузивно наменет само за членките на ЕУ.

– Од поддршката што ја видов денеска од сите мои колеги од земјите членки сметам дека процесот на постепена интеграција или т.н. phasing-in процес, дополнително ќе добие на динамика, бидејќи тоа е правилниот начин не само да се врши набљудување на реформите, туку и да се држи под контрола и правецот на нивно спроведување – заклучи Муртезани.

Министерот посочи дека одредени области, како што е Кривичниот законик, којшто треба да се санираат колку што е можно побрзо, како и препораките или наодите за независноста на судството и состојбата со медиумите, горе долу ги има во извештаите за сите земји кандидати.

Според Муртезани, овие состојби ние и самите ги имаме детектирано и нивното надминување ќе придонесе за зајакнување на демократијата во нашето општество, тргнувајќи од поголемото вклучување на невладиниот сектор не само како набљудувач, туку и како партнер во креирањето на политиките, поголемата транспарентност во однос на финансирањето и сопственичката структура на медиумите, потоа спречувањето на говорот на омраза, како и поголемата независност во однос на буџетот на правосудните органи.

– Тие се некои точки коишто се круцијални за да може да почне процесот на враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем – истакна Муртезани, додавајќи дека иако Владата како извршна власт е одвоена од судската, сепак та е повикана да ги создаде сите неопходни услови за успешно спроведување на реформите во правосудството во духот на препораките на Европската Унија.

Во врска со денешната шеста Меѓувладина конференција Албанија-ЕУ, на кои беа отворени четири нови поглавја од преговарачкиот процес, Муртезани оцени дека брзината со која Тирана ги отвора поглавјата, а наскоро планира и да почне да ги затвора, треба да не биде уште поголем мотив и ние колку што е можно побрзо да го почнеме процесот на преговори по кластери.

– Моментумот е тука. Не смееме да дозволиме тој моментум да се пропушти – додаде Муртезани.

- Advertisement -
Ad image

Запрашан колку се реални шансите за прием на повеќе нови членки во ЕУ во 2030 година, Муртезани вели дека по стартот на руската инвазија врз Украина, слушајќи ги сите претставници на членките на ЕУ и имајќи ја предвид решителноста на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и на сите лидери на Европската Унија, тоа е годината кога ЕУ ќе инсистира да прими колку што е можно поголем број од земјите кандидати.

– Така што таа рамка – 2030, е многу возможна и за нас, доколку брзо ги отвориме преговорите и да можеме брзо да стигнеме и до нивно затворање и потоа ќе чекаме земјите членки да го кажат последниот збор – додаде Муртезани во изјавата за МИА од Брисел.

Инаку, на денешното заседание на ГАК, покрај извештајот за земјава, беа разгледани и извештаите за Албанија, Србија и за Црна Гора.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article