Background

СОСЕДКИТЕ ЈА НАШЛЕ УБИЕНАТА МАРИЈА ПОКРИЕНА СО ЈАМБОЛИЈА

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Марија Маринковска, девојката на возраст од 35 години, за која обдукцијата покажа дека починала од насилна смрт, на своето семејство му кажала дека осомничениот за убиствата, 25-годишниот Т.Б. ја следи. Во последниот телефонски разговор, таа му рекла на својот брат дека некој ѝ тропа на вратата и дека многу се плаши, пренесува Радио Бум.

- Advertisement -
Ad image

Ова се деталите од потресното сведоштво на нејзиниот татко, Зоран Маринковски, чие семејство поминало низ двоен шок – од погреб со уверување дека станува збор за природна смрт, до страшната вистина по ексхумацијата на телото.

Родителите пред 40 дена ја погребале својата ќерка Марија и мислеле дека причината за смртта се компликации поради алкохол.

Маринковска, според сомнежите, е втора жртва на Т.Б., кој се поврзува со убиства на 5 жени – 2 оваа година и 3 во минатата година.

Таткото вели дека Марија живеела во Старо Нагоричане кај вујко и и дека со братучедот работеле земјоделие, а пред неколку години работела како овчарка во семејството на осомничениот.

Марија им кажувала на родителите дека осомничениот ја следи. Таткото пријавил во кумановската полиција, но, како што вели, му кажале дека не може таму, односно, мора Марија да пријави во полицијата во Старо Нагоричане, што и го сторила. Марија им се пожалила на полицајците дека Т.Б. ја следи и ѝ додева. Полицајците, вели таткото, по пријавата отишле кај Т.Б., но тој избегал, не бил дома.

– Ја баравме на телефон на 18 јануари, не се јави. Последен жив ја слушна нашиот син, пред полноќ. Му кажала дека некој ѝ тропа на врата и дека многу се плаши – раскажува Маринковски.

Утредента ја побарале околу 7 часот наутро, ама Марија не се јавувала на телефонот. Помислиле да не се успала. По некое време, откако пак не се јавила, ги замолиле нејзините соседки да одат да проверат. Вратата на куќата на Марија, вели Зоран, била отклучана. Соседките викале по неа, ама немало одговор.

– Влегле внатре и ја нашле под јамболија – вели таткото.

Таткото додава дека кога ја нашле Марија мртва, горната половина од телото ѝ била покриена со јамболијата, а долната  половина ѝ била гола. Рече дека на денот на смртта и полицијата и лекарите извршиле проверки на телото.

Таткото се сомнева дека убиецот ја задушил со јамболијата.

Полицијата го уапси Т.Б. минатата недела, по убиството на 78 годишна жена во селото Челопек и  тој сега е во притвор во затворот во Куманово.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation