Background

СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид со рекордна донаторска акција и хуманитарен ангажман во 2025 година

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Годинава што измина за СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид беше исполнета со предизвици. Организацијата оствари над 10 донаторски акции во склоп на проектот „И ние можеме, насмевка за секое дете”, со посебен акцент на централната акција на 19-ти декември (Свети Никола) со најголемата донаторска акција во историјата на Македонија.

- Advertisement -
Ad image

Акцијата се одржа на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски” во Охрид со поддршка на Општина Охрид, но и за прв пат во историјата на Македонија со МПЦ ОА Дебарско-Кичевска Епархија, во присуство на Митрополит Ѓоргиј.

За прв пат во историјата на Општина Дебарца, СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид на Свети Никола приреди донаторска акција со Дедо Мраз за сите деца од Општина Дебарца. Манифестацијата се одржа во ОУ „Дебарца” село Белчиште, во присуство на градоначалникот Златко Силјаноски.

Организацијата беше покровител на Дедо Мраз и во Општина Ресен, каде обезбеди новогодишни пакетчиња за сите деца од градинките и од училиштата во Општина Ресен. Посетени се сите центри на лица со попреченост и таму се донирани подароци, како што се донирани и на спортски клубови, игроорни групи и музичкото училиште Методи Патче во Охрид, како и здравствени установи.

За Свети Никола се донирани 100 хуманитарни пакети со прехрамбени продукти и средства за лична хигиена.

Апел за социјална инклузија на лицата со попреченост

СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид упатува заложба кон сите локални самоуправи и Владата на РСМ за решавање на социјалната инклузија на лицата со попреченост, со посебен акцент на обезбедување на потребна инфраструктура за пристап на лицата со попреченост.

Последните дејствија за поставување на пристапни рампи и спуштање на тротоари ги направи СОС БАЛКАН МЕДИА во 2022 година, кога на институции во Македонија донираше пристапни рампи. Од тогаш до денес не само што ништо не е направено, туку и донираните пристапни рампи не се одржуваат. Ист е случајот со две пристапни рампи за во вода кои ги дониравме на два угостителски објекти во Охрид.

СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид најавува дека хуманитарниот ангажман продолжува и во 2026 година. Организацијата се заблагодарува искрено на своите партнери од бизнис заедницата кои со години ја препознаваат како невладина организација со јасна примарна цел и несебично соработуваат.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation