Background

Сопственикот на депонијата мобилниот на новинарот го фрлил во огнот

Сопственикот на отворената депонија во Визбегово, на која на 9 јули гореа авто-делови и го загади воздухот во цело Скопје, му го одзел насилно мобилниот телефон на новинарот известувач на Алсат ТВ и го фрлил во огнот, затоа што претходно на истиот бил снимен физичкиот напад од негова страна над известувачот.

Според информациите објавени од телевизијата Алсат, сопственикот на депонијата Александар Николчев, откако бил снимен како физички го напаѓа новинарот Авни Тахири, насилно му го одзел мобилниот телефон и го фрлил во огнот – во обид да го уништи доказниот материјал. Заедно со него, во нападот учествувала и раководителката на компанијата, Маја Каранакова.

Тахири пред истражителите потврдил дека бил нападнат, навредуван и дека му бил одземен телефонот, а снимателот Шенол Хајредини сведочел дека исто така бил физички нападнат од двете лица. Освен тоа, била оштетена и опремата на телевизијата, за која ќе се води судска постапка за утврдување на надомест на штета.

- Advertisement -
Ad image

Јавниот обвинител ги сослушал членовите на новинарската екипа во својство на оштетени. Инцидентот се случил на 9 јули околу 10 часот, кога екипата известувала за пожарот кој предизвика сериозно загадување на воздухот во Скопје.

Од Алсат ТВ побараа институциите итно да постапат и да обезбедат безбедност за новинарите кои известуваат од терен, посебно во услови кога се откриваат сериозни еколошки и безбедносни закани.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation