Сопругата на сер Дејвид Бекам, лејди Викторија на својот интернет-простор објави фотографија на којашто поранешниот англиски фудбалер лежи в болница со раката во лонгета. Тоа загрижи дел од нивните обожаватели.
На втората фотографија, Дејвид (50) има боројаница со натпис „Оздрави брзо“ на левата рака.
„Оздрави брзо, тате“, напиша Викторија покрај сликите, во името и на нивните деца.
Извор за „Дејли мејл“ изјави дека на сер Дејвид му бил опериран зглобот што го скршил на натпревар пред 22 години. Години подоцна, шрафот вграден во зглобот му предизвикувал болка, па тој одлучил да го отстрани.
Поранешниот фудбалер, кој се пензионираше во 2013 година, и неговата сопруга Викторија – модна дизајнерка и поранешна членка на популарната британска група „Спајс грлс“, по неодамна доделената титула од кралот Чарлс за спортската ѕвезда, станаа сер Дејвид и лејди Викторија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
