Background

Соопштение за медиуми во врска со Ревизорскиот извештај -29.01.2026г. -четврток

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Поради големиот број сензационалистички наслови и медиумски објави со неточни и погрешно интерпретирани информации во врска со Ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид, кои предизвикаа дезинформации и конфузија во јавноста, во духот на транспарентноста и отчетното работење, Општина Охрид го упатува следново соопштение:

- Advertisement -
Ad image

Најнапред, важно е да се потенцира дека Извештајот на Државниот завод за ревизија се однесува на периодот од 2019 до 2024 година и опфаќа ревизија на целокупното работење на локалната самоуправа во сите сектори, за период од шест години.

Станува збор за сеопфатна анализа на работењето во повеќе мандатни периоди, а не исклучиво на актуелната локална власт. Се работи за проблеми кои се создавале со години, при што дел од утврдените слабости се резултат на долгогодишни практики и наследени состојби.

По приемот на извештајот, Општина Охрид без одлагање започна со имплементација на препораките, преку дефинирање конкретни мерки, рокови и одговорни лица, со цел унапредување на финансиското, административното и институционалното работење. Би сакале да нагласиме дека треба да се прави разлика помеѓу забелешки и препораки, Општина Охрид од Државниот завод за ревизија има добиено препораки во однос на неколку сегменти од работењето.

Во врска со прашањето за дивоградбите, повторно истакнуваме дека станува збор за долгогодишен, комплексен и наследен проблем, кој не е создаден во текот на актуелниот мандат. Решавањето на овој проблем бара институционален пристап, почитување на законските процедури и тесна соработка со централните органи на власта. Општината, посебно оваа локална власт не поддржува и нема да поддржи незаконско градење и дека сите активности се насочени кон воспоставување ред, заштита на јавниот интерес и зачувување на природното и културното наследство на Охрид.

Нагласуваме дека во Општина Охрид не се пристапени или дојдени во контрола претставници на Основното јавно обвинителство. Би сакале да појасниме дека Државниот завод за ревизија по службена должност и во рамки на законската регулатива треба да го достави Ревизорскиот извештај до ОЈО. Тоа е вообичаена законска процедура од која Општина Охрид не е исклучок. Доколку има потреба нашата администрација стои на располагање за обезбедување на целокупната документација на надлежните органи, која е опфатена во ревизирскиот извештај.

Почитувани, селективното, тенденциозно и сензационалистичко прикажување на информации не придонесува кон објективно информирање и не е во интерес на јавноста. Општина Охрид останува цврсто определена за транспарентно, законско и одговорно работење и ќе продолжи редовно и навремено да ја информира јавноста за сите преземени активности.Bottom of Form

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation