Сообраќајот кај Јосифово-Пирава пренасочен кон магистралниот пат Удово – Марвинци

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поради обилни врнежи од дожд и повторно надојдена Калковска Река, во 17:45 часот пренасочен е сообраќајот кај местото викано Калковска Река, на регионалниот пат Р1105 делница село Јосифово – село Пирава кон магистралниот пат А1 од село Удово кон село Марвинци, соопшти АМСМ.

Во вечерниот извештај за состојбата на патиштата АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Share This Article