Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Најстудено ќе биде во Берово и во Маврово со утринска температура од 1 степен. Најтопло ќе биде во Гевгелија со дневна температура до 20 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево и променливо облачно, со температура до 18 степенни.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер.
Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
