Времето денеска наутро ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност.Ќе дува слаб ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Според прогнозата на УХМР следува период на стабилно и суво време.
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност.
Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.



























