Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во источните делови и долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде – 2, а максималната ќе биде 19 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе биде 2 степени, а максималната ќе се искачи до 19 степени.
Следува период на топло време со пораст на температурите.
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен северен ветер, со над 70 километри на час.