Background

Сојузот на синдикати (ССМ) ја блокираше Владата и побара таа да предложи измени на Законот за минимална плата со кои ќе се зголеми минималната плата на 600 евра, а сите останати плати за 100 евра

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Сојузот на синдикати (ССМ) ја блокираше Владата и побара таа да предложи измени на Законот за минимална плата со кои ќе се зголеми минималната плата на 600 евра, а сите останати плати за 100 евра.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече дека има време за договор до крајот на февруари, но потоа ќе следат генерален штрајк и работнички протест, а не ја исклучува и можноста за таргетирани блокади и во други градови.

– Бараме многу сериозно да размислуваат и да разговараат, или да ги ослободат работодавачите или да подадат рака и на бизнисот  за ослободување на придонесите за задолжително социјално осигурување. Ги потсетуваме дека пред една година, кога бевме на преговори, тие тоа еднострано го одбија, иако ССМ и работодавачите беа договорени за најмалку 6.000 денари да се зголемат платите на сите работници во државата – рече Трендафилов.

Тој даде и ветување дека нема да се појавува во јавност, ако Владата одговори позитивно на барањата.

– Донесете ја одлуката денеска и нема повеќе блокади и протести, нема да ме видите никаде, ни на протест, ни на медиуми, ни на социјални мрежи или каде било во јавен настап – рече Трендафилов.

Тој најави дека поради притисоците врз работниците наредниот протест, кој очекува да биде масовен, ќе се одржи во неработен ден.

– Така ќе овозможиме работниците да го покажат своето незадоволство. Поканети се сите кои сметаат дека платите им се мали – рече Трендафилов.

Според него, работодавачите имаат можност до крајот на февруари да кажат за колку се подготвени да ги зголемат работничките плати.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation