Background

„Согласно законот во оваа држава, Ник Рајнер не е виновен за убиството“

Подигнувањето на обвинението против Ник Рајнер, помладиот син на убиениот режисер Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел, повторно беше одложено, бидејќи неговиот адвокат Алан Џексон – поднесе оставка непосредно пред судското рочиште.

Во среда наутро во судницата, Џексон го информираше судијата што е надлежен за случајот дека повеќе не го застапува Рајнер, кој е обвинет за убиство на неговите родители, Роб и Мишел Рајнер.
Наместо тоа, Ник ќе биде застапуван од искусна јавна адвокатка од округот Лос Анџелес, по име Кимберли Грин.

Судијата ја одобри промената на правното застапување и одреди нов датум за сослушување на 23 февруари.

- Advertisement -
Ad image

Џексон им се обратил на новинарите пред судницата, велејќи: Утрово морав да се повлечам како адвокат на Ник Рајнер. Околностите кои се надвор од наша контрола – но поважно, околностите кои се надвор од контролата на Ник – наложија, за жал, да ни биде невозможно да продолжиме со застапувањето на Ник.

– Законски и етички ми е забрането да ги објаснувам сите причини зошто, но мојот тим и јас останавме длабоко, длабоко посветени на Ник Рајнер и на неговиот најдобар интерес. Всушност, знаеме – не сме само убедени – знаеме дека правната постапка ќе ги открие вистинските факти за околностите околу овој случај. Дознавме, а можете да го објавите тоа, дека согласно законот во оваа држава, Ник Рајнер не е виновен за убиството – рекол тој, пишуваат медиумите.

Грин, исто така, им се обратила на новинарите, објаснувајќи дека разговарала со Ник само „30 секунди“ во среда наутро.

Член на нејзиниот тим, Рикардо Гарсија, додаде дека дознале во вторник вечерта дека ќе го застапуваат Ник наместо Џексон.

– Се надеваме дека целата заедница ќе разбере дека ова е предизвикувачки период за целиот правен процес. Ве молиме за ваше трпение и разбирање додека се движиме низ овој процес низ правниот систем и дека ќе бидеме достапни колку што можеме за да одговориме на вашите прашања кога е соодветно – рекол тој.

Сепак, окружниот обвинител на округот Лос Анџелес, Натан Хочман, инсистираше дека обвинителите се уверени дека поротата ќе го прогласи Ник за виновен за убиство на неговите татко и мајка – без оглед на тоа кој го брани.

Во меѓувреме, претставник на братот и сестрата на Ник, Џејк и Роми Рајнер, изјавил за Page Six по сослушувањето дека тие имаат најголема доверба во правниот процес и нема да коментираат понатаму за прашања поврзани со правната постапка.

Ова е втор пат обвинението против Ник да биде одложено, бидејќи првично беше закажано да се одржи за време на неговото прво појавување пред суд на 17 декември.

На 14 декември, Роб, кој имаше 78 години, и Мишел, која имаше 70 години, беа пронајдени избодени до смрт во нивниот дом во Брентвуд откако се скарале со Ник на забава претходната вечер.

Канцеларијата на судскиот испитувач на округот Лос Анџелес потврди дека двојката починала од „повеќекратни повреди од остар предмет“, пресудувајќи дека начинот на кој се случило ова е убиство.

Ник потоа беше уапсен и обвинет за убиствата. Тој се соочува со максимална казна доживотен затвор без можност за условна слобода или со смртна казна.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation