Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска на 14. седница ги проследи на натамошна постапка во Собранието, двете Предлог-одлуки за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територија на државата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска на 14. седница ги проследи на натамошна постапка во Собранието, двете Предлог-одлуки за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територија на државата.

Едната предлог одлука се однесува на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на јужната и северната граница на државата (заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти) до 31 декември годинава, додека втората се однесува на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност (заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата) до 31 јули годинава.

Двете Предлог одлуки ќе почнат да се применуваат од 1 мај годинава.

По Предлог одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територија на државата беа усвоени два амандмани, од кои првиот се однесува на допрецизирање и усогласување со претходно донесената одлука на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата, а вториот заради правно-техничко допрецизирање на текстот на одредбата.

И за втората Предлог-одлука беа усвоени два амндмани – за допрецизирање и усогласување со претходно донесената одлука и заради правно-техничко допрецизирање на текстот на одредбата.

Share This Article