Background

СОБРАНИЕТО РЕШИ ДА ФОРМИРА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА ЧЕТИРИТЕ ТРАГЕДИИ ШТО ЈА ЗАВИЈА МАКЕДОНИЈА ВО ЦРНО

Со 84 гласа „за“, без воздржани и „против“, Собранието денеска во рамките на 72. пленарна седница донесе одлука да основа Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Македонија. Анкетната комисија се формира на предлог на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ и ќе се фокусира на трагедиите во Кочани, во модуларната болница во Тетово и за „Дурмо турс“ кај Ласкарци, како и несреќата несреќата на ’Беса транс’ во Бугарија.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, образложи дека Анкетната комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите има за цел да се утврдат сите пропусти за трагедиите во изминатиот период кои резултираа со 138 човечки жртви, со што добиените наоди понатаму би биле испратени до Владата и до Јавното обвинителство за да се лоцира доколку има политичка и кривична одговорност.

Според Милошоски, потребна е неселективност за сите трагични настани за објективно согледување и решавање системски пропусти и недостатоци. Овие четири трагични настани што резултираа со ваква ненадоместлива штета и за семејствата и за целата држава, рече Милошоски, не треба да бидат селективно разгледувани, туку како една целина за да можеме со објективни согледувања да дадеме препораки за поправање на одредени системски недостатоци.

- Advertisement -
Ad image

Собранието не ја прифати иницијативата за формирање посебна анкетна комисија за случувањата во Кочани поднесена од СДСМ, Левица и ДУИ за која гласаа само 28 пратеници.

На ова реагираше СДСМ со пресконференција на пратеникот Оливер Спасовски.

– За жал пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за формирање на Aнкетната комисиња за трагедијата во Кочани, којашто ја поднесе пратеничката група на СДСМ заедно со пратеничката група на Левица и беше поддржана од Европскиот фронт.

СДСМ и колегите од опозицијата направија се што можеше и пратениците коишто ја поддржаа оваа иницијатива, но владеачкото мнозинство не покажа ниту емпатија, ниту разбирање, ниту елементарно чувство за барањата на семејствата, на загинатите во оваа трагедија и на сите коишто се повредени. Очигледно ова е партиска директива. Затоа што повторно се врати времето во кое што имаме протест и контрапротест, пленум и контрапленум. Денеска имаме анкетна комисија, предлог против анкетна комисија и се покажа дека партиската директива укажува на тоа дека само тоа што е поднесено од парламентарното мнозинство може да биде вредно, а без притоа да се изедначат секоја иницијатива на овсените претставници и предлагачи – рече Спасовски.

Инаку, пратеникот на Левица и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права, Димитар Апасиев, за 9 декември закажа седница на оваа комисија, на која ќе се разгледува поднесената претставка од „Здружението на граѓани 16 март 2025 година“ во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во Кочани.

Апасиев на прес конференција појасни дека станува збор за редовна седница на постојана комисија на Собранието, а не за анкетна комисија, која се формира по потреба и за ограничено време на функционирање.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation