Собранието на Република Северна Македонија од утре, 18 март, во 10 часот ќе отвори Книга на жалост за загинатите во огромната несреќа во Кочани.
Книгата на жалост ќе биде отворена за сите граѓани во следните 6 дена, секој ден во периодот од 10 до 19 часот.
Граѓаните кои сакаат да се потпишат во Книгата на жалост може да влезат во Собранието преку страничниот влез – од страната на АРМ.
„По трагедијата во Кочани, согледувајќи дека во овие моменти на болка за сите нас е важно да останеме обединети, ја отворив Книгата на жалост во Собранието, за да им овозможам на граѓаните да изразат сочувство, емпатија и солидарност“, соопшти претседателот на Собранието Африм Гаши, кој прв се потпиша во книгата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
