Background

СОБРАНИЕТО НА 18 ФЕВРУАРИ ЌЕ ИЗБИРА НОВ УСТАВЕН СУДИЈА

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Собранието на пленарната седница закажана за среда, 18 февруари се очекува да ги  констатира оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска. Веднаш потоа, како што велат од Собранието за МИА, треба да започне постапката за избор на нов претседател на РКЕ и на член на ДКСК. Постапката за нивен избор ќе ја води Комисијата за прашања на избор и именувања.

- Advertisement -
Ad image

На 85. седница закажана за 18 февруари се очекува на дневен ред да се најде и изборот на нов уставен судија. На последната седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата го предложи Гоце Наумовски за нов уставен судија, откако уставната судика Јадранка Дабовиќ Анастасовска во декември поднесе оставка од здравствени причини.

Засега на предложениот дневен ред на 85. седница в среда се Предлог за именување на (непрофесионално ангажиран) член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување и Предлог на закон за органско земјоделско производство, во прво читање. Пред почетокот на работата по точките од дневниот ред треба да се одржат опозициските прашања до премиерот и министрите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation