Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека во Собранието состојбата е статус кво во однос на нова распределба на пратениците.
– Сега засега во Собранието е статус кво во однос на нова распределба на пратениците, сѐ е како што било. Значи, сите пратенички групи кои се формирале на почетокот на овој нов собраниски состав продолжуваат да работат. Ако има нови промени ќе треба тоа официјално да го достават до службите и до мене, за да ги информирам потоа другите пратенички групи и пратеници – рече Гаши, на денешниот брифинг со новинарите.
Тој не очекува дека може да се блокира работата на Собранието.
– Не верувам дека ќе се блокира Собранието. Ајде да почекаме. Битно е кои прашања ќе се гласаат според принципот Бадентер – рече тој на новинарско прашање.
Tagged as:
Собранието е во статус кво по превирањата во коалицијата Вреди
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖