Собранието денеска не ја прифати потребата да се донесе законот за денови на жалост во скратена постапка, на предлог од Левица

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Собранието денеска не ја прифати потребата да се донесе законот за денови на жалост во скратена постапка, на предлог од Левица. За предлогот ова законско решение да се усвои по скратена постапка гласаа 19 пратеници.

Пратеникот Амар Мециновиќ од Левица, образложувајќи го предлогот, истакна дека „тагата не смее да биде дел од политички наратив“ и дека со законот се бараат јасни и унифицирани критериуми за прогласување денови на жалост, кои не би зависеле исклучиво од одлуката на Владата.

Тој посочи дека предлог-законот се залага за регулирана медиумска програма без забавни и политички содржини за време на деновите на жалост, како и за воведување едноминутно молчење и санкции за недолично однесување.

– Овој закон никако не навлегува во правото на слобода за изразување и во регулирањето на приватните субјекти, туку ги подразбира измените кои ќе дозволат како нација да ја доживееме тагата во која што сме се нашле и да се дозволи на вистински начин да закрепнеме од колективните трагедии – рече Мециновиќ.

Потенцираше дека предлогот се однесува на јавниот и на институционалниот домен, со фокус на одбележување трагични настани на национално и локално ниво.

Во предлогот стои дека целта на законот е обезбедување на правна основа за правилно одбележување на деновите на жалост на национално и локално ниво, преку организирано, унифицирано и достоинствено одбележување на трагични настани кои влијаат на националната и колективна меморија на државата, преку достоинствено оддавање почит кон настраданите и нивните блиски, како и поттикнување на човечноста, солидарноста и на националното единство.

Share This Article