Собранието денеска на 58. седница донесе четири закони за дигитална трансформација од реформската агенда

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Собранието денеска на 58. седница донесе четири закони за дигитална трансформација од реформската агенда. Изгласани се Законот за електронските комуникации, Законот за безбедност на мрежни и информациски системи, Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Законот за архивски материјал и архивска дејност.

Со носењето на овие закони, во согласност со Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан, Македонија добива пристап до повеќе од 19 милиони евра, од кои 5,7 милиони евра се наменети како директна буџетска подршка.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски се заблагодари за поддршката од Собранието за организираните четири јавни расправи за законите, истакнувајќи дека со нив ќе се забрза процесот на дигитална трансформација и дека се усогласуваме со европското законодавство.

– Пионери сме во реализацијата на реформската агенда, покажуваме максимални резултати во тоа што си го зададовме како задача и сме пример во поширокиот регион како може да се применуваат европските директиви во нашиот закон. Сега одиме во вториот чекор во нивна целосна реализација – рече Андоновски.

Со Законот за безбедност на мрежни и информациски системи првпат во државава се воспоставува законска рамка за регулирање на сајбер безбедноста и претставува важна стратешка определба која според ресорниот министер носи јасна порака за одговорност, зрелост и визија во областа на дигиталната безбедност.

– Формираме два тима за брз одговор на компјутерски инциденти, два ЦИРТА, едниот јавен, а едниот за Владата. Поттикнуваме соработка, а не изолација затоа што покажуваме мрежна поврзаност преку националниот координатор за сајбер безбедност – рече Андоновски на последната јавна расправа.

Со Законот за електронските комуникации се прави значаен исчекор кон дигиталната иднина, усогласувајќи ја домашната регулатива со Европскиот законик за електронски комуникации и Директивата 2018/1972 и најновата регулатива за гигабитна инфраструктура. Овој закон, според Андоновски, носи подобрување на квалитетот на услугите, ги заштитува потрошувачите, ги унапредува универзалните услуги, ги рационализаира и поедноставува инфраструктурните изградби и поставува јасна регулаторна улога на Агенцијата за електронски комуникациии.

Со измените и дополнувањата на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги се продолжува дигиталната трансформација што ја нуди ЗЕК во насока на воведување на дигитален паричник.

– Овој паричник значи електронски идентитет за граѓаните на сигурна, унифицирана и прекугранична призната алатка која ќе им овозможи на граѓаните и бизнисите безбеден пристап до јавни и приватни електронски услуги – појасни министерот за дигитална трансформација.

- Advertisement -
Ad image

Со Законот за измени и дополнувања на архивски материјал и архивска дејност, како што рече, се поставуваат цврсти темели за модерна и дигитално ориентирана архива која ќе овозможи ефикасност, транспаретно и законски усогласено управување со службената документација и архивскиот материјал во државата. Го регулира целиот процес на создавање, обработка, заштита и чување на архивскиот материјал.

Собранието денеска го донесе и Законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт, исто така со европско знаменце. Со него се уредува начинот на ставање во употреба, одржување и користење на техничка опрема за транспорт (лифтови, жичари, дигалки и транспортери), условите кои треба да ги исполнуваат монтажерите, сервисерите и независните правни лица кои вршат технички прегледи и периодични испитувања на техничката опрема за транспорт (лифтови, жичари, дигалки и транспортери), како и надлежноста на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија и труд во однос на инспекцискиот надзор врз техничката опрема за транспорт.

Собранието продолжи со дебата по Предлог законот за вработените во јавниот сектор, во прво читање, кој заедно со Предлог на законот за административни службеници и Предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, исто така се дел од реформската агенда.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article