Топ Вести - Слушај сега
Противвоздушните и противракетните одбранбени сили на НАТО распоредени во Источниот Медитеран пресретнаа иранска балистичка ракета што леташе кон турскиот воздушен простор, објави турското Министерство за национална одбрана.
Ракетата беше испукана од Иран и помина низ ирачкиот и сирискиот воздушен простор пред да биде пресретната, пишува „Туркие тудеј“.
Турското министерство за одбрана соопшти дека балистичката ракета испукана од Иран била навремено пресретната и неутрализирана. Остатоците од пресретнувачката ракета паднале во округот Дортјол во покраината Хатај, откако заканата била уништена во воздух.
Потврдено е дека остатоците припаѓаат на одбранбена ракета, а не на дојдовната ракета. Нема извештаи за жртви или повредени.
Според извештаите на „Шафак њуз“ и агенцијата „Норт прес“, иранска балистичка ракета била пресретната над Камишли во североисточна Сирија, во близина на турската граница.
Министерството соопшти дека решителноста и способноста на Турција да ја обезбеди безбедноста на својата земја и граѓаните се на највисоко ниво.
„Ве потсетуваме дека го задржуваме правото да одговориме на секој непријателски чин против нашата земја“, се додава во соопштението, во кое се повикуваат сите страни да се воздржат од потези што дополнително би го прошириле конфликтот во регионот.
И турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кој веднаш по спречениот напад му се јавил на министерот за надворешни работи на иранскиот режим, Абас Аракчи, му пренел дека дека мора да се избегнуваат какви било чекори што би можеле дополнително да го прошират конфликтот.
НАТО го осуди иранското насочување кон Турција.
– НАТО цврсто стои зад сите сојузници, вклучително и Турција, додека Иран продолжува со своите неселективни напади низ регионот. Нашата одвраќачка и одбранбена позиција остануваат силни во сите домени, вклучително и воздушната и ракетната одбрана – изјави портпаролката Алисон Харт.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
