Во текот на вчерашниот ден, татко на возраст од 50 години пријавил во СВР Скопје дека партнерот на неговата 15-годишна ќерка снимил видео материјал од нивен полов однос без нејзино знаење, по што ја уценувал дека ќе ги објави.
Како што стои во соопштението на МВР, тие биле во врска повеќе од една година, но откако девојчето сакало да ја прекине врската, лицето ѝ упатувало закани и ја уценувало да не ја прекинува врската доколку сака видеото да не го објави на социјални мрежи.
„На 12.03.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15-годишна ќерка подолго од една година била во врска со лицето Ј.Н, кој без нејзино знаење снимил видео материјал од нивен полов однос. Според пријавеното, откако таа го известила дека сака да ја прекине врската, лицето ѝ упатувало закани и ја уценувало да не ја прекинува врската доколку сака видеото да не го објави на социјални мрежи“, стои во соопштението.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, доаваат од МВР.