Background

Со новиот Законот за енергетска ефикасност кој беше донесен на последната седница на собранието земјата добива уште една силна законска рамка, усогласена со европските стандарди, која директно ќе придонесе за пониски сметки за граѓаните, почиста животна средина и отворање на нови зелени работни места,

Со новиот Законот за енергетска ефикасност кој беше донесен на последната седница на собранието земјата добива уште една силна законска рамка, усогласена со европските стандарди, која директно ќе придонесе за пониски сметки за граѓаните, почиста животна средина и отворање на нови зелени работни места, велат од Министерството а енергетика и рударство.

-Законот обезбедува суштински исчекор во намалување на потрошувачката на енергија, интеграција на обновливи извори и намалување на емисиите на стакленички гасови. Со неговото спроведување ќе се создаде стабилен систем кој ќе ја приближи земјата до европските климатски цели и до концептот на зелена транзиција – велат оттаму.

Новиот закон за енергетска ефикасност донесува повеќе новини меѓу кои: воведување на европскиот принцип „Енергетска ефикасност на прво место“, донесување  долгорочна стратегија за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални згради во енергетски ефикасни објекти како и тројно зголемена заштеда во јавниот сектор – задолжителна реконструкција на најмалку 3% од јавните згради годишно.

- Advertisement -
Ad image

Се воведува обврска за задолжително поставување на соларни колектори при изградба или реконструкција на училишта, градинки и јавни институции како и се воведува финансиска поддршка за инвестиции во соларни панели, геотермални системи и паметни технологии.

Со новиот закон се воведуваат и високи стандарди во јавните набавки, дигитална транспарентност и професионализација на енергетските контроли како и се вклучуваат сертификатите за енергетски карактеристики во Катастарот на недвижности и се поттикнува меѓуопштинска соработка.

-Со усвојувањето на овој закон се воспоставува правна, економска и социјална рамка што ги намалува трошоците за граѓаните и бизнисите, ја забрзува интеграцијата на обновливите извори и овозможува креирање на одржлив енергетски систем – велат од Министерството за енергетика.

Законот за енергетска ефикасност, велат од Министерството, е дел од пакетот реформски закони кои го поставуваат темелот за стабилен, одржлив и конкурентен енергетски сектор – со енергетска сигурност, подобар квалитет на живот за граѓаните и забрзано приближување кон Европската Унија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation