Со новиот договор на Ремко Евенепул за гигантот Ред Бул, тој се искачи значително на светската листа на велосипедисти кои заработуваат најмногу.
Евенепул го потпиша еден од најголемите договори во историјата на велосипедизмот, откако се пресели во Ред Бул Бора Хансгрое од Судал Квикстеп.
Наводно, вредноста на договорот се проценува на 8 милиони евра, со што тој ќе стане вториот најскап велосипедист после Словенецот Тадеј Погачар. Инаку Погачар само од договорот со клубот годишно заработува 8,3 милиони евра, без дополнителните бонуси.
Според „La Gazzetta dello Sport“, белгиската ѕвезда ќе добие основа од околу 6-7 милиони евра, која со дополнителните бонуси би достигнала околу 8 милиони, со што вредноста на тригодишниот договор би ја надминувал неверојатната сума од 20 милиони евра.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖