Background

Снимките покажуваат нова војска, писти и хангари во 4 клучни бази

Русија распоредува војска шатори, пистии хангари на границата со Финска, покажуваат нови сателитски снимки, пренесува Хелсинки тајмс, цитигирајќи ги мислењата на аналитичарите за неколку клучни бази на меѓата на двете земји.

Снимките ги објави шведската телевизија СВТ. Тие покажуваат интензивна активност на четири локации: Каменка на Карелискиот истмус, Петрозаводск, Североморск-2 и Олења. Според проценките, Русија го зголемува своето воено присуство во регионот како одговор на влегувањето на Финска и Шведска во НАТО.

Од февруари 2025 година, повеќе од 130 воени шатори се поставени во Каменка, на само 60 километри од финската граница. Областа, која беше целосно празна во 2022 година, сега, според проценките, може да прими до 2.000 војници.

- Advertisement -
Ad image

Во Петрозаводск, на околу 175 километри од границата, изградени се три големи складишни сали, секоја со капацитет за приближно 50 оклопни возила. Четвртиот објект е во изградба. Аналитичарите се сомневаат дека целта на овие објекти би можела да биде прикривање на вистинскиот број на распоредени возила.

 

 

Понатаму на север, над Арктичкиот круг, се реновира поранешната воздухопловна база Североморск-2. На пистата веќе се видливи хеликоптери, а се верува дека пистата се подготвува и за борбени авиони со фиксни крила.

Нова активност е пријавена и во воздухопловната база Олења, од која дејствуваат руски стратешки бомбардери. Според украински извори, бомбардерите од Олена се користат за напади врз украински цели.

Шефот на шведската армија, Михаел Клаесон, изјави дека овие случувања се потврда за она што Русија го најави како „воено-технички одговор“ на проширувањето на НАТО.

– Кога аплициравме за членство во НАТО, Русија рече дека ќе преземат одредени мерки. Сега гледаме дека ги спроведуваат – изјави Клаесон.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation