Кејт Мидлтон и Чарлс III присуствувале на погребот на војвотката од Кент во Лондон. Постои еден детаљ кој многу зборува за односот меѓу принцезата од Велс и британскиот крал.
Кејт Мидлтон дошла во Вестминстерската капела со својот сопруг принцот Вилијам, а кралот Чарлс се појавил без кралицата Камила, која го пропуштила настанот поради здравствен проблем (синузитис).
Потоа Кејт Мидлтон и кралот Чарлс се сретнале и топло се поздравиле. Поточно, како што се гледа од снимките, тие се бакнале во образ, за потоа принцезата од Велс да го поздрави монархот со совршен наклон. Принцезата е позната по нејзиното совршено познавање на протоколот, иако понекогаш го крши, но со добра причина.
Кралот Чарлс, ја смета Кејт за своја ќерка, а овој однос помеѓу нив е потврда за нивната блискост и огромна почит што трае со години и која стана уште посилна поради нивната борба со ракот.
Да потсетиме дека сопругата на принцот од Велс претходно оваа година објави дека е во ремисија, третманот на кралот сè уште е во тек.
Познато е дека Чарлс е повеќе приврзан кон Кејт Мидлтон, во споредба со неговата врска со Меган Маркл, која и го критикува и го фали јавно, па од таа перспектива, би било помалку веројатно војвотката од Сасекс да доживее некогаш една ваква средба со кралот.