Снимка покажа дека Манев се вратил дома по лопата

Lorita
By Lorita 11 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Јавното обвинителство со нов доказ кој го изведе денеска во судот сака да докаже дека обвинетите планирале да ја убијат Вања Ѓорчевска на 24 ноември 2023 година, кога направиле прв неуспешен обид да ја грабнат.

Обвинителството изведе како доказ цеде од претресот во домот на обвинетиот Велибор Манев и нагласи дека Манев не го сменил времето во камерите од летно во зимско и затоа реалното време на камерите е еден час поназад.

– Презентираме фотодокументација од претресот кај Манев на 03.12.2023, кој е изведен како доказ број 193. Неспорен факт кој произлегува од овој доказ е дека претресот на куќата на Манев се вршел на 03.12.2023 во време од 6.10 до 7.45 часот. Помеѓу предметите кои се одземени при претресот, а се нотирани во оваа фотодокументација се ДВР од системот за снимање со камери. Бараме да се изврши увид во снимките од безбедносните камери кои се наоѓаат на хард диск, кои се извадени од ДВР уредот што го видовме во куќата на Манев – рече обвинителката Ана Димитриеска Стојковиќ.

Љупчо Палевски одговори дека ова не е хард диск од ДВР, туку е копија на видеофајлови.

– Јас никогаш не сум спорел дали сум се видел или не на тие видеа, туку го спорам времето на видеото – рече Палевски.

Обвинителката рече дека ќе се изведе видеозапис од 03.12.2023.

– Би сакала да истакнам дека материјалот на хард-дискот не е копија, туку е целокупниот материјал кој се наоѓа на ДВР-от и е извлечен со форензички алатки кои се претставени и во форензичкиот извештај кој е доставен со овој материјал. Се презентира фајл. На снимката е наведено времето, 3 декември во 6.57 часот, ден недела. На снимката се гледа дека пред куќата на Манев е паркирано полициско возило. Во левиот агол од снимката се гледаат полициски службеници кои се упатуваат во куќата на Велибор. Севкупниот материјал од снимките од безбедносните камери завршува во 7.03 часот. Од сведочењето на Манев на главната расправа произлее дека тој не го сменил времето на камерите од летно во зимско сметање на времето, што се случува во октомври, што укажува дека реалното време на камерите е еден час поназад, односно, иако на записот стои 7 часот и 3 минути, реалното време е 6 часот и 3 минути, што се поклопува со фактот дека претресот кај Манев е вршен тој ден, и е започнат во 6 часот. Полицијата тогаш влегла во домот и го исклучила ДВР-от. Времето на снимките од куќата на Манев треба да се смета еден част поназад – рече таа.

Обвинителката предложи да се изведе уште една околност.

– Денеска бараме да се изведе уште една околност од видеоматеријалот од безбедносниот систем на Манев, од кој веќе некои снимки се изведуваа пред судот. Но, оваа снимка што дополнително ќе ја покажеме, не беше изведена, а бараме да се изведе на околност дека обвинетите однапред се подготвувале да извршат убиство, а не само грабнување на детето Вања Ѓорчевска. Тоа е спротивно на нивната одбрана изнесена на главната расправа – рече обвинителката.

- Advertisement -
Ad image

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, рече дека не се противи на изведувањето на овој доказ, но би сакал да слушне од обвинителките за кој дел се однесува овој доказ, затоа што и тој сакал да предложи дополнителен доказ за одбраната на Александар од истиот материјал.

Палевски рече дека се противи генерално на сите обиди на Јавното обвинителство во дополнителна доказна постапка „да манипулира и да вештачи на лице место, а не се вештаци, туку се обвинители.“

– Така и за овој предлог, на невидено, се согласувам, нека го изведат – рече Палевски.

- Advertisement -
Ad image

Судот донесе решение да се прифати предлогот да се изведе снимката од цеето број 4 од куќата на Манев.

– На снимката, од 24 ноември 2023 година, во 4.29 часот, но реално време 3.29, се гледа како пред куќата на обвинетиот Манев стои обвинетиот Боре Видевски и чека. Манев излегува и се гледа дека од дворот на куќата излегува „рено кангу“ и во него влегува Видевски и се упатуваат во насока кон Велес. Овој дел од снимката веќе беше изведен и прикажан на главната расправа, а она што не беше изведено е следново. Откако возилото заминува во насока на Велес, на снимката се гледа како после една минута и нешто, во 3.32 часот истото се враќа назад и застанува пред дворот. Обвинетиот Манев излегува, се упатува кон дворот, односно кон куќата и за кратко време, во 3.34 се враќа во возилото и во десната рака држи лопата и ја внесува во возилото. Седнува на возачкото седиште и заминуваат кон Велес. Ова е датумот 24.11.2023 година, кога е направен првиот обид за грабнување на детето Вања Ѓорчевска – рече обвинителката.

Таа продолжи:

– Доказ број 42 од листата на докази од обвинителниот акт од 31.05.2024 година е известување од МВР, СВР Скопје, одделение за крвни и сексуални деликти, кој е изведен доказ, но во чиј прилог се наоѓа извештај од ЛПР системот од Безбеден град за локацијата на „рено канго“ СК-403-УИ, на 22 ноември 2023 година, а на кое што во неколку наврати се осврна обвинетиот Палевски. Овој извештај од ЛПР системот како таков не е изведен како доказ. Му предлагам на судот да биде изведен како доказ, иако е доставен до судот со известувањето и со доказот број 42. Оригиналот од него веќе е во судот. Насловот би бил „Известување од ЛПР системот од системот на МВР Безбеден град по наредба од ОЈО Скопје, за препознавање на возилото ‘рено канго’ од 21.11 до 02.12.2023 година.“ Оригиналот е во списите на судот, доставуваме копии до сите обвинети.

Палевски реагираше до судијата велејќи дека тој го одбил овој доказ на негово барање.

– Беше прошверцувано со решение на суд, а не со листа на докази. Знаејќи дека ќе го предложам ова ако дополнителен доказ, ОЈО го изведува во дополение, за да не можам јас да го изведам тој доказ. Овој ЛПР извештај е доставен, како и видеозапис од предметното возило регистрирано од безедносните камери, во временски период од 22 до 27 ноември. Наведено е дека податоците не се доставуваат до ОЈО Скопје, туку до МВР, Единица за насилен криминал. Иста ваква наредба, со идентичен број, постои и за „цитроенот“, донесена на ист ден, 2.12.2023 година. И за „цитроенот“ е доставен ваков ЛПР извештај. Паметен град доставил два доказа по оваа наредба. Извештај-табела од серверот кој ги снима камерите. Во наредбата и во споменатото известување доставено им е едно цеде во Јавното обвинителство, од кое Обвинителството не знае каде е само фајлот од 22.11.2023. Останатите фајлови ни беа презентирани, за движење на возилата во Скопје, за 24.11.2023 од обидот за грабнување на Вања. Тие видеа беа презентирани и не знам како ги добиле, ако на истото цеде се наоѓа и видеото од камера 67 од Нов мост железничка. Како е можно да се повикувате на известувањето од 12.01.2023, каде Дејан Димовски уредно напишал дека ви доставува ЛПР извештај и едно цеде, а вие пред судот денеска велите дека не знаете каде е или дека не сте примиле такво цеде? Вие денеска изведовте видеа од тоа цеде, евидентирани токму во ЛПР извештајот. Видеата се следни – видео од Нов мост железничка – рече Палевски.

Судијата го праша Палевски дали се согласува да се изведе овој доказ, а тој рече дека не се согласува.

– Не се согласувам затоа што најавив дека јас ќе го изведам овој доказ во дополнителна постапка со барање да ми се издаде цеде токму од известувањето што беше спомнато – рече Палевски.

Адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски приговараше дека Обвинителството се обидува да биде вештак, да го измени времето на снимките од куќата на Велибор, бидејќи при нивната презентација на овој доказ рекле дека времето е реално.

Судот донесе решение да го прифати предлогот на Обвинителството да се изведе како доказ ЛПР извештајот, известувањето од МВР за системот „Безбеден град“ за следење таблици за возилото „рено кангу“ од 21.11.2023 година до 24.11.2023 година.

– Овој доказ е од значење бидејќи според системот на МВР, „рено кангу“ е забележано на 22.11.2023 после полноќ, во 00.15 и тоа е неспорен факт. Сепак, а во одговор на наводите на одбраната, Обвинителството укажува дека нема никаква спротиставеност меѓу сите изведени докази од Обвинителството, бидејќи, иако на главната расправа беше изведен доказ од цеде со наслов број 3 од видеозаписот од куќата на Манев, каде се гледа дека на 22.11.2023 во 00.13 часот е пред куќата, но времето на видеото кај Манев е еден час наназад и логично е дека „рено кангу“ тргнало околу 23 часот и стигнало во посоченото време во Скопје – рече обвинителката.

Судењето продолжува на 21 мај 2025 година.

Share This Article