Background

Снег и студен ветер, еве кои места ќе бидат најпогодени

Од утре времето во Македонија ќе биде облачно, со зголемена можност за повремени врнежи, особено во западните и југозападните делови од земјата.

Како што прогнозира метеопрогнозерот Славчо Попоски, во овие региони се очекуваат врнежи главно од снег, додека во некои градови ќе има мешавина од дожд и снег.

– На планините, како и на скијачките центри, снежната покривка ќе се зголеми, додека во некои од пониските предели може да се формира помал снежен слој. Времето ќе биде проследено со слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец – вели Попоски.

- Advertisement -
Ad image

Во Скопје и околината, од утре ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, но тие нема да бидат обилни.

– Иако утринските температури ќе бидат нешто повисоки поради облачноста, на повеќе места ќе останат под нулата. Дневните температури, пак, ќе продолжат да опаѓаат и ќе се движат неколку степени над нулата, додека на повисоките предели и планините ќе се задржат околу или под нулата – додаде Попоски.

В среда во Македонија утрото ќе биде студено, а во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од запад ќе започнат повремени врнежи од снег, особено на планините, додека во останатите делови на земјата ќе има услови за слабо провејување на снег.

„Се очекува јужното воздушно струење да донесе облачно време со услови за снег, главно во западните и повисоките предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец“, соопштуваат од УХМР.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во четврток во Македонија времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од снег, претежно во планинските региони. На пониските места се очекува краткотраен дожд, кој повремено ќе преминува во слаб снег.

Според прогнозата на УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

„Времето ќе остане нестабилно, особено во повисоките предели каде што ќе има повремени врнежи од снег. Во пониските места може да се очекува мешавина од дожд и снег, но без поголемо задржување на снежната покривка“, соопштуваат од УХМР.

Во последниот ден од работната недела, временските услови во Македонија ќе бидат умерено до значително облачни. Во крајните западни делови на земјата, особено во планинските региони, ќе има услови за појава на слаб снег. Во останатите делови, времето ќе биде претежно суво, со умерена облачност.

Ветерот ќе дува слаб до умерен од јужен правец, а температурата ќе остане на умерени нивоа за ова време од годината.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation