Синоќа околу 23:00 часот на улицата Булевар Туристичка во Охрид, кај Мини Маркетот, се случи тешка сообраќајна незгода. Возач на Голф со охридски регистрации ја изгубил контролата над возилото и удрил директно во двајца пешаци.
Од силината на ударот, двете лица се здобиле со тешки животно загрозувачки повреди. Едното лице, родено во 1980 година, подлегнало на повредите, што го потврдил лекар во болницата “Свети Еразмо” во Охрид. Другото лице се здобило со фрактури на три ребра и други тешки телесни повреди.
Неофицијално, причина за несреќата бил епилептички напад на возачот кој ја предизвикал трагедијата.