Сликите на аукцијата во Кочани достигнаа и до 300.000 денари

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Учесниците на аукцијата на уметнички дела од хуманитарната изложба за жртвите на пожарот во дискотеката „Пулс“ покажаа голем интерес, а настанот се одржа синоќа во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.

Настанот започна со едноминутен молк во чест на загинатите во трагичниот пожар, по што аукцијата ја водеше актерот Благој Веселинов. На аукцијата беа изложени околу шеесет уметнички дела од вкупно 140 понудени на изложбата.

На настанот присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како и бројни стопанственици, политичари, градоначалници, уметници и граѓани. Беше нагласено дека целта е да им се помогне на сите кои се засегнати од трагедијата, за полесно да ги надминат последиците.

„Добро ќе беше никогаш да не се собереме за да прибираме финансиски средства и да помагаме на ваков начин. Уметноста и сликарството да нѐ споеја на поинаков начин, но секоја подадена рака во овој хуман настан за нас значи многу. Благодарение на сите, на учениците од Школата за цртање и сликање и на волонтерите кои се вклучија во организацијата, настанот дојде до степен на сериозност и ова е само почеток на еден пат за собирање средства што долгорочно ќе им се потребни на сите засегнати од овој пожар“, истакна Александра Димитрова, раководителка на Школата за цртање и сликање при ЦК „Бели мугри“.

Фото: Принтскрин

Аукцијата помина успешно, при што најголем дел од понудените уметнички дела добија нови сопственици. Процесот на наддавање беше динамичен, со повеќекратно наддавање за најголемиот број дела, а за дел од нив беа понудени и по неколку десетици илјади денари. Највисок износ од 300 илјади денари беше постигнат за ликовно дело на уметникот Михаил Корубин.

Според информациите од иницијативата „Support Kocani“, на хуманитарната аукција се собрани над 1,8 милиони денари (околу 30.000 евра), средства кои ќе бидат наменети за помош на настраданите во трагедијата во „Пулс“.

Share This Article