Топ Вести - Слушај сега
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне ќе биде тивко, а попладне ќе дува слаб, до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Кон крајот на денот, кога ќе има услови за слаб локален дожд.
Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура од минус 3 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со максимална дневна температура до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минус 1 до 14 степени.

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

Tagged as:
Следува мини пролет со температура до 17 степени
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
