Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во Македонија следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Тие повремено ќе бидат поројни и проследени со локална појава на грмежи и со засилен ветер од југоисточен правец.
Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20/25 литри на метар квадратен дожд).
Следната седмица се очекува на планините да падне и првиот снег.
Детална прогноза на метеопрогнозерот Славчо Попоски на следниот линк.