Славниот актер Леонардо ди Каприо заедно со своите пријатели бил запрен од полицијата пред да влезе на текила-забава во Ибица, ја тргнал својата вообичаена маска за лице, но сепак не бил препознаен од полицијата

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Славниот актер Леонардо ди Каприо заедно со своите пријатели бил запрен од полицијата пред да влезе на текила-забава во Ибица, ја тргнал својата вообичаена маска за лице, но сепак не бил препознаен од полицијата, објави Пејџ сикс.

На ексклузивно видео од Дејли мејл се гледа како актерот, кој има 50 години, е облечен целосно во црно со својата препознатлива бејзбол капа и со ланче, гледал во телефонот додека чекал да дојде редот да биде претресен.

Во позадина се слуша жена како вели: „Ме претресуваат целосно во моментов“.

Не е познато дали жената е неговата девојка, 27-годишната манекенка Виторија Черети, која беше со него на Ибица.

Сепак, извор изјавил дека Ди Каприо не бил издвоен од полицијата:

– Секој беше претресен и легитимиран. Шпанските полицајци прво не го препознаа Ди Каприо. Забавно е, двапати го погледнаа и потоа го пуштија да влезе – рекол изворот, додавајќи дека на забавата имало многу познати личности.

Травис Скот не бил пуштен на забавата

Според Дејли мејл, Травис Скот не бил пуштен да влезе на ексклузивната забава, која се одржувала во приватна вила и ја организирале Патрон и шпанскиот актер и пејач Арон Пипер. Меѓу славните што успеале да влезат биле Кендал Џенер и најдобриот пријател на Ди Каприо, Тоби Мегваер.

Ди Каприо е редовен на Ибица

Ди Каприо е редовен гостин на Ибица и во изминатите години повеќепати бил таму на одмор. Овој месец тој и Черети биле фотографирани како се качуваат на мега-јахтата на Џеф Безос и Лорен Санчес на шпанскиот остров. Двојката присуствувала и на нивната венчавка во Венеција, Италија, во јуни, каде што Черети открила дека имала проблем со гардеробата – ѝ се скинала винтиџ фустанот на Долче Габана.

Ди Каприо е во врска со италијанската манекенка од летото 2023 година. Черети, сепак, изјавила во март дека не ѝ се допаѓа да биде позната само како „девојката на ѕвездата од Титаник“.

- Advertisement -
Ad image

– Штом сте во врска со некој што има поголемо следење од вас, станувате „девојка на“ или „момче на“. Тоа може да биде многу иритирачко. Одеднаш, луѓето зборуваат за вас како за девојката на тој-и-тој, кој порано бил со таа-и-таа. Не е убаво да мислите дека не можете да сакате кого сакате, само поради етикетите што луѓето мора да ви ги залепат – рекла таа.

Share This Article