Топ Вести - Слушај сега
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оцени дека декемвриските податоци даваат јасен сигнал дека инфлацијата е стабилна и дека постојат добри основи 2025 година да се заврши со стапка на инфлација под 3%.
„Месечната инфлација во декември 2025 година, во споредба со ноември, изнесува 0,4%, при што растот се должи исклучиво на категоријата „транспорт“, каде што цените во истиот период пораснале за 5,8%.Овој податок е малку чуден во услови на стабилни цени на горивата и непроменетите цени во јавниот превоз. Според структурата на индексот, клучен фактор за растот е енормното зголемување на цените на авионскиот превоз, кои во декември минатата година пораснале за дури 42%“, наведе Славески во пост на социјалната мрежа Х (Твитер).
Според него, доколку од пресметката на индексот на цени за декември 2025 година се изостави транспортот, односно авионскиот превоз како целосно странска компонента, месечната инфлација во однос на претходниот месец би изнесувала точно 0,0%..
Ова, посочува Славески, е јасен сигнал дека инфлацијата е стабилна и дека постојат добри основи 2025 година да ја завршиме со стапка на инфлација под 3%.
Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата во декември 2025 година во однос на ноември 2025 изнесувала 0,4% и дека индексот на трошоците на живот во 2025 година во однос на 2024 бележи пораст од 4,1%, а индексот на цените на мало од 3,6%.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
