Топ Вести - Слушај сега
Очекувањата на гувернерот на Народната банка Трајко Славески се дека годината ќе ја завршиме со инфлација од 4 или приближно 4% како што е и проекцијата на централната банка.
Славески очекува следната година инфлацијата и понатаму ќе се намалува и ќе биде меѓу 2,5 и 3%, а на среден рок ќе се достигнат историски најниските нивоа од околу 2%.
– Инфлацијата имаше надолен тек во првите месеци од годината и на изненадување забрза неколку месеци, но летото забележавме дека дури имавме месеци со дефлација, минус 0,2%, така беше мислам во август во однос на јули. Стабилизирањето го сметаме дека тој нагорниот тренд не е преобратен и веќе имаме мали промени од месец во месец. Во октомври имаме раст од 4,5%. И проекциите и очекувањата упатуваат на тоа дека годишната инфлација за оваа година ќе биде во рамки на нашата проекција, односно околу 4 или блиску до 4%. Нашата проекција беше 3,9%, а проекциите за наредната година ви се познати – рече Славески.
Статистика измери дека во ноември трошоците за живот на годишно ниво се зголемени за 4%.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
