Славески на 15 октомври официјално ќе побара земјава да влезе во системот за инстант плаќање

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска изјави дека на годишните средби на ММФ и Светска банка што почнуваат на 15 октомври, ќе го потпише писмото на намери, со кое што Северна Македонија ќе влезе во системот на инстант плаќање заедно со останатите земји од Западен Балкан.

– Со тоа влегуваме заедно со петте земји што се подготвуваат. Од наредната година очекуваме овој систем да биде целосно оперативен – рече  Славески.

Тој нагласи дека ова е уште еден чекор до интеграција во системите за плаќање од Европската Унија што ќе биде од полза и за македонските граѓани и за македонските претпријатија.

-Станува збор за систем за инстант плаќање, за систем во реално време што се извршува за неколку секунди, каде што процесот на порамнување не завршува во 14 или 15 часот туку работи 24/7. Тоа е систем на Европската цнетрална банка. ЕЦБ ја има овластено Банката на Италија да изработи клон и тој клон да го понуди на системот ТИПС на земјите на Западен Балкан. Србија има сопствен систем во рамки на Централната банка и е надвор од тој процес. Во јануари, четири од останатите пет земји од Западен Балкан го имаат потпишано писмото на намери. Наша делегација била присутна во Рим но не знам од кои причини не била дадена согласност. Јас уште со самото стапување на функцијата разбрав што се предностите на овој систем, ги направивме консултациите и ја известивме Банката на Италија дека ние сме целосно подготвени да влеземе во тој процес – појасни Славески.

Гувернерот  посочи дека за деталите во кој степен ова што го имаме ние како земји кои  се надвор од Европската Унија за разлика од земјите од ЕУ, не би можел да говори, но, истакна дека ова е значаен чекор.

-Ние ќе се трудиме навремено да бидеме оперативни заедно со сите останати земји од Западен Балкан -рече тој.

На 1 јули 2025 земјава официјално стана дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Ова членство треба да го олесни испраќањето и примањето пари од странство, да ги намали трошоците за трансакции и да ја подобри брзината и сигурноста на плаќањата во евра.

Share This Article