За оние кои сонуваат за тиркизното море и плажите со камчиња на хрватскиот брег, но исто така сакаат мир и тишина без гужви – постои скриено место. Се вика Молат – остров кој се наоѓа на север од архипелагот Задар, далеку од градските метежи, но сепак доволно блиску за да биде лесно достапен.
Оваа мирна енклава има едвај 200 жители и се протега на површина од 22 квадратни километри. Долга е 11 километри, а неговото северно „чело“ е одвоено од соседниот остров Ист само со тесен морски канал, објавува Nova.rs.
Брегот на Молат, вдлабнат и богат со заливи, е долг над 50 километри, а меѓу нив има скриени песочни плажи – вистинско богатство за летно уживање. Највисоката точка на островот е планината Локардин, која се издига 148 метри над морето.